Агенцијата за бегалци при ОН (УНХЦР) соопшти дека достигнала „рекордни суми“ на донации за нејзин итен одговор на хуманитарната криза во Украина.
Агенцијата соопшти дека компаниите, фондациите и филантропите придонеле повеќе од 200 милиони долари за нешто повеќе од две недели, наменети за одговор на кризата во Украина.
– Сакам да им се заблагодарам на компаниите, фондациите и филантропите од целиот свет за нивната добрина и великодушност во помагањето на луѓето кои бегаат од војната во Украина. На милиони луѓе очајно им е потребна итна помош. Како што се продлабочува кризата, го повикувам приватниот сектор да продолжи да дава поддршка, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Вкупниот број на луѓе кои ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, надмина 2,8 милиони, а најмалку дополнителни два милиони се раселени во земјата, според УНХЦР.