ноември 22, 2024

Ванг Ји: Кина „не е страна“ во конфликтот во Украина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека неговата земја „не е страна“ во војната во Украина по руската инвазија, пренесува ДПА.

Во телефонскиот разговор со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес, Ванг порача дека неговата влада „не сака санкциите да влијаат на Кина“, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг во принцип ги отфрла санкциите и „Кина има право да ги заштити своите легитимни права и интереси“, рече тој.

Тој го нарече конфликтот во Украина „производ на акумулација и интензивирање на европските безбедносни противречности низ годините“.

Ванг не се осврна на американските извештаи дека Русија побарала од Кина воена и економска помош по почетокот на војната во Украина, што портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно ги нарече „злонамерни“ дезинформации на САД. Министерството даде малку детали за тоа што вчера седум часа разговараа главниот кинески дипломат Јанг Џиечи и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан. Двајцата имаа „искрени, длабински и конструктивни“ разговори, вклучително и за заладените односи меѓу Пекинг и Вашингтон во врска со Тајван.

Read Previous

Повеќе од 2.000 цивили загинаа во Мариупол, соопштија украинските власти

Read Next

УНХЦР со рекордна сума донации за бегалците од Украина