ноември 22, 2024

Претседателот Ердоган го прими генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Претседателот Ердоган ги продолжува билатералните средби по отворањето на „Дипломатскиот форум во Анталија“ што се одржува во Конгресниот центар НЕСТ, каде што агенцијата Анадолија (AA) е „глобален комуникациски партнер“.

Ердоган го прими генералниот секретар на НАТО Столтенберг во хотелот каде што престојуваше. Приемот, кој беше затворен за медиумите и траеше 35 минути.

На приемот присуствуваа и потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, директорот за комуникации на претседателот Фахретин Алтун, портпаролот на претседателот Ибрахим Калин и портпаролот на АК партијата Омер Челик.

АА

Read Previous

СДСМ: Арсовска ги потврди диловите на Мицкоски за автобуси, дали БРТ проектот во Скопје затоа е стопиран?

Read Next

Претседателот Ердоган се сретна со Салих Мурат