ноември 23, 2024

Јовановски: Војната и утре да заврши, последиците ќе потраат поради цената на енергенсите

Војната и утре да заврши, последиците од истата ќе потраат поради цената на енергенсите. Ова го изјави економистот Зоран Јовановски во своето синоќешно гостување во емисијата „Дебати“ на тв Шења.

„Специфичноста на оваа криза, за разлика од некои други што сме ги имале во минатото е тоа што таа ги гаѓа компаниите на начин на кој што тие не можат да го избегнат ударот. Ако цената на енергенсите е 3 или 4 пати поголема, вие што и да правите тој трошок вие морате да го апсорбирате“, изјави Јовановски.

Тој подвлече дека оваа криза е една од најтешките затоа што не може да се избегне ударот, мора истиот да се прими и да се продолжи понатаму.

„Лошите последици ќе потраат и ние мора ментално да се подготвиме за тоа“, истакна Јовановски.

Read Previous

Ковачевски: За Бесмира Ејупи сум слушал на вести, не сум потпишал за одлука да стане конзул

Read Next

Три лица загинале, меѓу кои и едно дете откако Русите бомбардирале породилиште во Мариупол