ноември 23, 2024

Ковачевски: За Бесмира Ејупи сум слушал на вести, не сум потпишал за одлука да стане конзул

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, истакна премиерот Димитар Ковачевски. -Ние таму имаме конзул кој е дипломат од кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот – рече Ковачевски на ТВ 24.

Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите со класифицирани.

-Јас не ја познавам Ејупи, ниту станала конзул – посочи Ковачевски, додавајќи дека за нејзиното име првпат слушнал на вести.

Read Previous

Јовановски: Владата да преземе чекори за олеснување на инвестициите на приватниот сектор за фотоволтаици

Read Next

Јовановски: Војната и утре да заврши, последиците ќе потраат поради цената на енергенсите