ноември 24, 2024

Во аптеките во Велика Британија почнаа да се продаваат инјекции за слабеење

big belly of a fat man isolated on white

Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.

Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Лираглутајд“ (Liraglutide) (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.

Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Лираглутајд“ е погоден за возрасни помлади од 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Read Previous

За две години пандемија ковид-19, починале над 6 милиони луѓе

Read Next

Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента на месечно ниво