ноември 24, 2024

Во февруари раст на трошоците на живот за процент, а на цените на мало за 1,2 процента на месечно ниво

Трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава се зголемиле за процент, а цените на мало за 1,2 проценти. Во февруари годинава во однос на февруари лани трошоците на живот се повисоки за 7,6 проценти, а цените на мало за 8,6  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари годинава, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 6,6  проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 2,7 проценти, виното за 1 процент, свежото и разладеното овошје за 0,8  проценти, жестоките пијалаци за 0,7  проценти, лебот и житата, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0,6  проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,2  проценти, стои во информацијата на ДЗС.

Оттаму регистрираат  дека во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето на отпадните води за 14,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 проценти, патниот патнички транспорт за 4,3 проценти, велосипедите за 4,2 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4 проценти, гасот за домаќинствата, парамедицинските услуги за 3,5  проценти, големите електрични апарати за домаќинствата за 2,7 проценти, медиумите за снимање за 2,6  проценти, моторните возила за 2 проценти, снабдувањето со вода за 1,8 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1,6 проценти.

Воедно, кај услугите за одржување и поправки на живеалиштето, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите печатени материјали, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање  има пораст на индексите на трошоците на животот за 1,3 проценти, другите медицински производи, рестораните, кафулињата и сл. за 1,1 процент, ткаенините за изработка на облека, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, домашните миленици и сродните производи за 0,8 проценти, стоматолошките услуги, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за 0,7 проценти, малите алатки и останатите додатоци, медицинските услуги, другите услуги за опрема за сопствен превоз, игрите, играчките и хобијата, градините, растенијата и цвеќињата, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 проценти. Кај поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, фармацевтските производи, фризерските салони и центрите за разубавување порастот изнесува 0,5 проценти, текстилот за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена 0,4  проценти, другите услуги поврзани со станот неспоменати на станот 0,3 проценти, другата облека и додатоците за облека, информатичката опрема за обработка на податоците, другите лични предмети 0,2  проценти.

Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај пивото за 1,1 процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 14,4 проценти, туристичките аранжмани за 2,5 проценти, услугите за сместување за 2,1 процент, обувките за 0,9 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4  проценти.

Read Previous

Во аптеките во Велика Британија почнаа да се продаваат инјекции за слабеење

Read Next

ТикТок воведе забрана за објавување содржини од корисниците во Русија