ноември 23, 2024

СДСМ: Во чие име Мицкоски преговарал за електрични автобуси за Град Скопје, преговарал како Груевски за кинеските автобуси?!

Градоначалничката Арсовска треба да одговори во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски најавува дека преговарал за набавка на нови автобуси за Град Скопје, велат од СДСМ.

Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски со кинеските автобуси?, прашуваат од владејачката партија.

-Или како Гордана Јанкуловска и Груевски за набавката на „она на М”? За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните и за општините и не работат ништо, Мицкоски и 100 пати да прави скапи отчети не може да го сокрие овој факт, велат од СДСМ.

Read Previous

ОН: Итно се потребни безбедни премини за спасување на луѓето во Украина

Read Next

Влада: Нови мерки за зачувување на животниот стандард на гаѓаните