ноември 22, 2024

ОН: Итно се потребни безбедни премини за спасување на луѓето во Украина

Security Council meeting on The situation in Libya. Report of the Secretary-General on the United Nations Support in Libya (S/2016/452)

Стотици илјади луѓе во Украина се отсечени од помошта за спасување животи поради воената опсада на градовите, се наведува во денешниот извештај на ОН, кој итно повикува на безбедно минување.

Се прават обиди во моментот за воспоставување хуманитарни коридори по дводневниот неуспешен прекин на огнот.

„Итно се потребни сигурни и предвидливи ‘безбедни премини’ за да се преселат луѓето чии животи се загрозени и да се обезбеди спасувачка хуманитарна помош“, се вели во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦА). Според соопштението на ОЦА, агенциите на ОН, хуманитарните партнери и украинската Влада ги интензивираат хуманитарните активности во земјата, но, како што се наведува, не можат да стигнат до оние на кои помошта им е најпотребна.

Read Previous

Во Апелацискиот суд јавна седница за жалбите од Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска

Read Next

СДСМ: Во чие име Мицкоски преговарал за електрични автобуси за Град Скопје, преговарал како Груевски за кинеските автобуси?!