ноември 23, 2024

Бислимовски: Тоа се воени профитери, некои бензиски ќе се најдат пред Обвинителството

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетира, Марко Бислимовски во гостувањето во Утрински брифинг изјави дека бензиските пумпи кои во текот на вчерашниот ден ограничувале точење на гориво, а со тоа создале паника, но и колони возила пред бензиските, ќе се најдат пред Обвинителството.

-Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Бислимовски.

Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи. Бислимовски вели дека тоа се воени профитери.

Read Previous

Украински власти: Нуклеарната централа е окупирана од Русите

Read Next

Џонсон: Путин со неговите постапки е закана за цела Европа