– Украинската нуклеарна централа Запорожје е окупирана од руски сили, соопштија денеска регионалните власти на Запорожје, пренесува Интефкас Украина.
– Нуклеарната централа Запорожје е окупирана од воените сили на Руската Федерација. Персоналот работи на своите работни места, оперативниот персонал ја контролира состојбата на енергетските единици и ја обезбедува нивната работа според барањата на технолошките прописи за безбедно работење, соопшти утрово Државен инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина (ДИАРУ)