ноември 23, 2024

Жител на Крим зборува за Алсат: „Има големо руско присуство на северот“

Голем број руски трупи и борбени авиони утринава од анектираниот Крим навлегоа на украинска територија. Жител на јужен Крим за Алсат вели дека во раните утринските часови можеле да се чујат надлетувања, но оти сега ситуацијата е мирна. Сепак, властите во регионот преземаат безбедносни мерки, а училиштата останале затворени.

„Во моментов во Керч е мирно, но сепак владее одредена паника. Поголемо присуство на војска има во северниот дел, од каде руските сили го помагаат регионот на Донбас. Тука, голем број лица ги посетија маркетите, но тие сепак функционираат непречено. Властите решија децата да не посетуваат настава до 28-ми месецов. Додека тука е мирно, навистина многу жалам за пријателите и роднините што ги имам од другата страна. Успеав да се чујам утринава со пријател од Харпов и тој ми кажа дека сведочел на експлозии, а истото ми го кажа и пријател од Мариупол каде цело утро прелетувале борбени авиони“, вели Кирил Мургун – жител на Крим.

Read Previous

Петровска: Остро ја осудуваме агресијата на Русија врз Украина

Read Next

Мис Украина зеде пушка во раце: Атрактивната убавица се вклучува во борбите