ноември 22, 2024

Мис Украина зеде пушка во раце: Атрактивната убавица се вклучува во борбите

Како што пренесуваат светските медиуми, убавицата која во 2015 година учествуваше на изборот за убавина „Miss Grand International“ во Украина, одговорила на поканата на официјален Киев за регрутирање, наведувајќи дека со своето тело ќе ја брани својата татковина.

Одлуката ја објави и на својот Инстаграм профил.

– Секој што ќе ја помине границата на Украина со намера да изврши инвазија ќе биде убиен – стои во коментар под нејзината фотографија на популарната социјална мрежа каде позира со пушка и во воена униформа.

Таа, исто така, сподели фотографија со нејзините 75.000 придружници на која се прикажани војници како шетаат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го нарече „вистински и силен лидер“.

Read Previous

Жител на Крим зборува за Алсат: „Има големо руско присуство на северот“

Read Next

Радев бара рокови и влез на Бугарите во Уставот