ноември 23, 2024

Снимен рускиот напад врз Украина

Руските трупи започнаа напад со широк опсег на Украина во четвртокот, додека претседателот Владимир Путин ја отфрли меѓународната осуда и санкции и ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање ќе доведе до „несогледливи последици“.

Големи експлозии се слушнаа пред зори во Киев, Днепро, Харков и Одеса, додека светските лидери ги осудија акциите на Русија кои може да предизвикаат огромни жртви и да ја соборат демократски избраната влада на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба, велејќи дека Русија ја гаѓала воената инфраструктура на земјата и ги повика Украинците да останат дома и да не паничат.

Read Previous

Решена мистеријата? Нова истрага покажува: „MH370“ бил намерно соборен

Read Next

Русија ја нападна Украина, соборени хеликоптери и авиони, луѓето бегаат