По новинарско прашање околу тоа дали Бесмира Ејупи била предлог на МНР за Генерален Конзул во Њујорк, Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи поради затворената седница, која со закон е доверлива, не може да коментира дали имало точка на дневен ред или дали можеби имало расправа, но не и одлука.
„Заради затворената седница според закон е доверлива и не можам да коментирам дали имало точка на дневен ред или дали можеби имало само расправа но не и одлука која не е финализирана, не можам тоа да го кажам затоа што спречен сум поради огранилчувања на законот. Во Службен весник нема одлука за именување на Генерален конзул во Њујорк, ниту имаме планови да го смениме Јордан Панов, кој што има уште две години мандат“, вели Османи.
Во однос на Петрит Муслиу, Османи вели дека тој предлог е даден 20 декември 2019 година.