ноември 22, 2024

Попладне состанок во Владата, Николовски вели дека најниските пензии треба најмногу да се покачат

Попладнево во Владата ќе се одржи првиот состанок за покачување на пензиите и промената на методологијата. На овој состанок ќе учествува и Партијата не пензионерите, но и Сојузот на пензионери.

Од Партијата на пензионери велат дека очекуваат да се усогласат нивните ставови, а во интерес на пензионерите. Оттаму велат дека подговтиле неколку предлози.

– Едниот наш предлог е за секоја пенизја едната половина да се усогласи со растот на трошоците на живот, а другата со растот на просечната плата во државата. Другиот предлог е тој сооднос да биде 60 отсто со растот на трошоците на живот и 40 отсто со просечната плата. Исто така, предлагаме да си остане можноста да има дополнително зголемување на пензиите ако просечната плата во претходната година се зголемила за 5 проценти, односно ако минималната плата се зголемила за повеќе од 15 проценти –изјави за „Слободен печат“, Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери.

Read Previous

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Се почеста злоупотреба на европското знаменце

Read Next

Д-р Лазаров: Министерот Сали најде време за јапонски амбасадор, попови и оџи, а за колегите, матичните лекари не