November 18, 2026

Рама смета дека Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), изјави дека Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Македонија, оценувајќи дека за ова прашање веќе нема простор за несогласувања меѓу Скопје и Софија, притоа повикувајќи се на договорот постигнат со француско посредништво.

Одговарајќи на прашањето дали и натаму има забелешки кон бугарското раководство, со оглед на неговите изјави од пред три години, Рама рече дека тогаш околностите биле поинакви.

„Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји“, посочи Рама.

Read Previous

Мечка снимена како се движи низ улиците на тетовско Теарце

Read Next

Уставните судови на шест балкански земји ја усвоија Охридската декларација