ноември 22, 2024

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Се почеста злоупотреба на европското знаменце

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.

Воедно, Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди, велат од партијата.

Како што додаваат од таму Мицкоски го информирал Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.

Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочил Мицкоски.
Воедно Мицкоски уште еднаш ја афирмирал поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправно членство на Македонија во Европската Унија, заснована само врз принципиелни основи.

Read Previous

Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи

Read Next

Попладне состанок во Владата, Николовски вели дека најниските пензии треба најмногу да се покачат