Необична глетка ги изненади жителите на тетовското село Теарце, откако мечка била забележана како се движи низ населеното место. Снимката од нејзиното движење е објавена на социјалните мрежи и предизвика внимание кај локалното население.
Страницата „Видео Тетова1“ објави видео од надзорна камера на кое се гледа како дивото животно слободно поминува низ улиците на селото.
Снимката го привлече вниманието на жителите, особено поради појавата на мечка во населено место.
Засега во објавата нема дополнителни информации за тоа кога е направена снимката, ниту дали животното било забележано и на други локации во околината.
