ноември 21, 2024

Албанскиот Уставен суд пресече: Мета не го прекршил Уставот, останува претседател

Илир Мета нема да биде разрешен од функцијата претседател на Албанија и ќе продолжи на функцијата до завршување на мандатот на 24 јули годинава.

Тоа откако Уставниот суд одлучи да ја поништи одлуката на албанскиот парламент за негово разрешување поради ” тешки прекршувања на Уставот“.

Одлуката судот на својата официјалната страна ја објави доцна синоќа, во 23:15 часот и во неа стои дека „претседателот не го прекршил Уставот по ниту еден основ за што го обвинува парламентот“.

Веднаш куса реакција следуваше од претседателскиот кабинет. Портпаролот Теди Блуши на Фејсбук напиша дека одлуката е очекувана и за нив не е никакво изненадување.

-Нула изненадување за нас. Ова прашање не ни требаше да почне, напиша Блуши. Иницијатива за разрешување на Мета покренаа владејачките социјалисти, по што беше формирана и анкетна комисија по чиј извештај пратениците, меѓу нив и од опозицијата, на 9 јуни минатата година изгласаа одлука за негово разрешување.

Read Previous

Мицкоски: Поразени беа на избори и затоа спроведуваат систематско уништување на општините

Read Next

Инцидент во Европскиот парламент: Бугарскиот европратеник Џамбаски со нацистички поздрав му се обрати на италијанскиот европратеник Сандро Гоѕи