ноември 22, 2024

Николовски: Имав состанок со Светска банка, ќе го модернизираме македонското земјоделство

Почнување на постапката за модернизација на земјоделството, беше клучна тема на состанокот што утрово го одржа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со претставници на Светската банка.

Како што објави Николовски на својот фејсбук профил, овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица.

Дополнително, наведува, се зајакнуваат и капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост.

-Утрово имав состанок со претставници од Светската банка. Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во РС Македонија. Овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица. Дополнително со овој проект ги зајакнуваме капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, ги зајакнуваме имплементирачките капацитети на Платежната агенција, и воведуваме систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло. Ја продолжуваме и продлабочуваме соработката, работиме во интерес на граѓаните., напиша министерот Николовски на својот фејсбук профил.

Read Previous

СДСМ: Двојно ја зголемивме минималната плата, следува раст на пензиите

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да го прифати нашиот предлог за повисоки плати и пензии