ноември 23, 2024

СДСМ: Двојно ја зголемивме минималната плата, следува раст на пензиите

СДСМ во изминатиот период, во неколку наврати ја покачуваше минималната плата и ја донесе на историски највисока вредност, велат од владејачката партија. Како што велат од таму, со последното зголемување на 18.000 денари, минималната плата е двојно зголемена од 8.800 денари, колку што изнесуваше пред 4,5 години.

-Започнувајќи од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра.

Воспоставена е методологија, која обезбедува континуиран раст на минималната плата, која никогаш повеќе нема да биде пониска од 57 отсто од просечната плата. Покрај растот на минималната плата, ќе следува раст на пензиите. Фондот за пензиско осигурување е стабилен и се подготвува нова методологија која ќе обезбеди одржливо зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери во државата, но и воведување на пакети за помош за справување со последиците од економската и енергетска криза. СДСМ во изминатите години покажа дека е можно платите и пензиите да растат, а при тоа да не се крати од капиталните инвестиции, затоа што парите наместо на споменици ги насочуваме кон конкретните потреби на граѓаните. Заштитата и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните е врвен приоритет за СДСМ, за Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, велат од СДСМ.

Read Previous

НБРМ: Инфлација од 6,7 отсто во јануари 2022, причина е растот на цените

Read Next

Николовски: Имав состанок со Светска банка, ќе го модернизираме македонското земјоделство