ноември 24, 2024

Судењето за Топлик одложено, Јанакиески оздраве, но сега корона има друг обвинет

Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на Ковид-19.

На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со Ковид-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

Read Previous

Русија продолжува да испраќа војници кон украинската граница, соопшти Пентагон

Read Next

СДСМ: Цените се зголемија за 9 отсто, а минималната плата за 100 отсто