ноември 23, 2024

Русија продолжува да испраќа војници кон украинската граница, соопшти Пентагон

Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон.

Белата куќа вчера соопшти оти руските воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, а рускиот претседател Путин со ваквите чекоти дополнително ја дестабилизира веќе тензичната ситуација.

Таа се осврна на маневрите „Сојузничка решителност-2022“, како што се всушност наречени руско-белоруските вежби, кои што НАТО ги опиша како најголемо распоредување на руски војници во Белорусија од крајот на Студената војна. Вежбите се очекува да започнат денеска.

Во меѓувреме, САД почнаа да префрлаат кон Романија баталјон со борбени возила на пешадијата „Страјкер“, а според американските власти, околу 1 000 војници на НАТО ќе бидат испратени во Романија.

Околу 1 700 американски војници, пак, заминуваат за Полска, од кои околу половина се веќе пристигнати, а се очекува да пристигнат уште во наредните денови, нагласи портпаролот на Пентагон, Кирби.

Велика Британија, пак, вети дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, а веќе е испратено противтенковско оружје во Украина.

Read Previous

Дали Кастриот Реџепи бил чуван во премиерската палата? Тој одговара: Мое право е каде ќе престојувам

Read Next

Судењето за Топлик одложено, Јанакиески оздраве, но сега корона има друг обвинет