ноември 22, 2024

Бајден наскоро ќе разговара со Макрон во врска со Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден планира наскоро да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за решенијата за ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Ќе продолжиме да бидеме во многу близок контакт со нашите француски колеги во врска со можната закана од руска инвазија врз Украина, истакна Псаки.

Таа најави и дека Макрон и Бајден двапати оствариле контакт минатата недела и оти тие разговори ќе продолжат наскоро. Оваа недела, Макрон беше првиот лидер на западна сила што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин откако Русија почна да распоредува војници во близина на Украина.

Read Previous

Скопје не отстапува од европската агенда, неделава нови разговори со Софија

Read Next

Западот апелира Кремљ да се вклучи во „значаен дијалог“