Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Технолошко индустриска развоја зона во Тетово ќе ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија „ЛЕАР“.
Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра, односно втор производствен објект „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово изграден на површина од осум илјади метри квадрати.
Во постојниот прв погон на фабриката веќе се произведуваат навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз.
Американската компанија ЛЕАР е светски лидер во производство на седишта за возила со високи перформанси.