Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а во планинските подрачја претежно ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Во Скопје и околината, променливо облачно со засилен, а повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.