Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржат 61-та седница, на чиј дневен ред ќе биде изборот на заменик претседател на ДКСК.
Комисијата ќе го разгледа и посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања од локалните избори од 2021 година. Како што соопштија од ДКСК, на дневен ред на седницата е и точката прашања и предлози.