ноември 22, 2024

Мицкоски: Би положил цвеќе на гробот на Гоце заедно со Петков, ама само ако се согласи дека бил Македонец

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев во македонското собрание по повод 150 години од раѓањето на Делчев.

Тој во интервју за Канал 5 посочи дека доколку би бил премиер заедно со Кирил Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев само ако бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

„Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем“, вели Мицкоски.

Претходно македонската влада денеска соопшти дека утре по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас македонската министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положат венец заедно со делегации од Република Бугарија.

Read Previous

Си го лажирала киднапирањето за да му се освети на поранешниот, му барала и пари – откако била откриена целиот живот ќе зажали од казната

Read Next

Се празнува Св. апостол Тимотеј