ноември 22, 2024

Си го лажирала киднапирањето за да му се освети на поранешниот, му барала и пари – откако била откриена целиот живот ќе зажали од казната

Лиј Џумакс од Блекпул го лажирала своето киднапирање за да и се смири поранешното момче, но и да му земе пари.

Оваа 20 годишна девојка се решила да лажира дека е киднапирана, а потоа на своето поранешно момче му пратила фотографија на која е врзана и до нејзиното тело се наоѓа пиштол.

Таа потоа му испратила и заканувачка порака барајќи од него да уплати 2.000 фунти (2.400 евра) како таа наводно би била ослободена.

Нејзиното поранешно момче веднаш повикало полиција и неа ја пријавил за киднапирана, по што нејзината измама многу брзо е откриена.

Таа на полицијата им рекла дека сакала да се освети, а и дека и фалело пари за да на семејството им купи подароци за Божиќ и Нова година.

Осудена е на пет месеци затвор кој ќе го издржува во установа за млади прекршители, а на нејзиното момче треба да му плати 2000 евра оштета.

Според британските медиуми, таа е осудена поради лага и уцена, меѓутоа судот поради признавање на делото и ја смалила и казната.

Read Previous

Дуел меѓу Украина и Русија во првото полуфинале од ЕП во футсал

Read Next

Мицкоски: Би положил цвеќе на гробот на Гоце заедно со Петков, ама само ако се согласи дека бил Македонец