ноември 23, 2024

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Матичната компанија на Гугл. Алфабет пројави голем раст на приходите и профитот во четвртиот квартал од 2021 година, благодарение на зголеменото трошење за рекламирање и работењето во облак (cloud).

Нето добивката на Алфабет скокна за 35,5 отсто во последните три месеци од минатата година, на 20,64 милијарди долари, покажа деловниот извештај објавен вчера.

Приходите се зголемиле за 32 отсто на 75,3 милијарди долари.

Приходите од реклами на Гугл се зголемиле за 32,5 отсто на 61,24 милијарди долари. Приходите од работење во облак (cloud computing) се зголемија за 44,6 отсто на 5,54 милијарди долари.

– Нашиот приход во четвртиот квартал од 75 милијарди долари, што е зголемување за 32 отсто на годишно ниво, ја одразува силната потрошувачка од широк опсег на огласувачи и силната активност на потрошувачите на интернет и континуираниот значителен раст на приходите од Google Cloud, изјави финансиската директорка Рут Порат.

Извршниот директор Сундар Пичаи ја истакна и „рекордната квартална продажба на телефонот Pixel, „и покрај ограничувањата во снабдувањето“.

За цела минатата година, нето добивката на Алфабет се зголеми за 88,7 отсто, на 76 милијарди долари. Приходите скокнаа за 41,1 отсто на 257,6 милијарди долари.

Read Previous

Средба Петровска – Силвестри: Одлична билатерална и сојузничка соработка меѓу Северна Македонија и Италија

Read Next

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти