ноември 22, 2024

Рамадани: Видеото кое го објави Ахмети е за билдање на рејтингот

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека со видеото кое Али Ахмети го објави на социјалните мрежи, а е против СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со обвинување дека постојано сакаат да и наштетат на оваа партија, е само пропаганда на ДУИ со која лидерот Али Ахмети се обидува да го билда рејтингот кај гласачкото тело. Смета дека има некоја промена во реториката на интегративците, но тоа се прави се со цел да им опонираат на партиите кои имаат позачестени напади кон нив.

-Легитимно е правото на секоја политичка партија да најде начин да го билда својот рејтигн. Мислам дека ова е нешто што лесно се прави денеска, затоа што самиот времеплов на големите политички партии им го дозволува тоа, и на ДУИ му дава можност да преставуваат пред јавноста вакви ставови. Истото можат да го направат поголемите партии како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, ДПА, и другите, затоа што низ нивната политичка активност и тие имаат материјал за вакви слични контраверзии. Изјави едни за други, а реториката се менува во зависност од тоа дали тие биле во коалиција на власт или се опозиција.Така што нема причина за некаков друг коментар освен дека ова е една алатка со која во овој случај ДУИ мисли дека ќе има подобар рејтиг за евентулани некакви избори пред своите гласачи, вели Исмет Рамадани за Лидер.

Read Previous

Али Ахмети објави видео против СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Цело време се обидуваат да и наштетат на ДУИ

Read Next

Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ портпарол