ноември 23, 2024

Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Мехмедовиќ портпарол

Доктор Александар Петличковски, од Институтот за имунологија ќе биде нов претседател на Комисијата за заразни болести. Портпарол на Комисијата ќе биде д-р Злате Мехмедовиќ. И двајцата претходно не беа членови на Комисијата, која сега ќе има нов состав откако и Министерството за здравство доби нов министер.

Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски, директор на Институтот за јавно здравје. Се` уште не е познато од кои причини тој е сменет од позицијата и дали воопшто останува во Комисијата каде што членуваше повеќе децении.

Read Previous

Рамадани: Видеото кое го објави Ахмети е за билдање на рејтингот

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да не се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, нека го провери орманот за струја каде има диво приклучен кабел за струја