септември 20, 2024

Владата и синдикалците не се договорија за минимална плата, нов обид во среда

Владата и синдикатите на денешната средба не постигнаа договор за зголемување на минималецот на 18 илјади денари. Синдикалците велат дека од Владата не добиле конкректен одговор кога може да се очекува сегашната минимална плата од 15.200 денари да биде зголемена.

Во среда се очекува да осаварат уште една средба со владини претставници, но и со работодавачите на економско-социјалниот совет. Според синдикалците ова ќе биде последна шанса дадена до Владата за итно зголемување на минималецот во спротивно ќе се активира генералниот штрајк на работните места, а не се искучува и можноста за организирање на протести, блокирање на фабрики и раскрсници.

ССМ бара минималната плата уште веднаш да биде покачеана, бидејќи граѓаните со поскапените цени и храната нема да можат да си ги подмират сметките.

Read Previous

Министерот Сали порачува: Нема укинување на сертификатите за вакцинација

Read Next

Јаневски: Потребно е авионско поврзување Охрид-Белград