ноември 24, 2024

Министерот Сали порачува: Нема укинување на сертификатите за вакцинација

И покрај критиките дека треба да се укинат сертификатите, бидејќи коронавирусот е распространет, новиот министер за здравство, Беким Сали, посочи дека нема намера тоа да го направи.

„Засега нема да ги укинеме сертификатите. Според епидемиолошката состојба, многу мал број на вакцинирани има. Се уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не може да зборуваме за намалување на рестриктивни мерки“, рече тој.

Министерот посочи и дека нема да има нови рестриктивни мерки.

Претходно, микробиологот Пановски строго му возврати на Министерот за здравство, Беким Сали, дека никогаш нема да биде дел од негова Комисија, а воедно упати и совет.

„Прво да ги тргнат сертификатите, па потоа да се разговара за Комисија чиј дел никогаш нема да бидам. Ова е мој бесплатен совет. Официјален советник на министер не би бил никогаш. Не гледам потреба од сетрификатите. Јас сум против сертификати, тоа е срам на 21 век, одговoри Пановски во утринско гостување во емисијата „Здраво Македонијо“.

Read Previous

Пендаровски на средба со специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Read Next

Владата и синдикалците не се договорија за минимална плата, нов обид во среда