epa08248296 Minister of Foreign Affairs for Serbia Ivica Dacic attends a joint press conference with Chinese Foreign Minister Wang Yi (not pictured) following their meeting at Diaoyutai State Guesthouse in Beijing, China, 26 February 2020. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY / POOL / POOL
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува примена на европските вредности, а тоа е слободата на движење на луѓе, труд, стоки и капитал, нагласувајќи дека тоа е во интерес на граѓаните.
Дачиќ изјави дека на оваа иницијатива не треба да се гледа како на замена за Европската Унија, односно, како што некои кажаа, „втората лига“ на Европската унија.
-Мислам дека таа не треба да се гледа така, очигледно ќе ни треба многу време за да стигнеме до ЕУ. Овде се работи за тоа дали ќе се однесуваме како да не ни треба блискост или отвореност на Балканот или ќе преземеме некои мерки и да ги усвоиме тие европски критериуми и вредности, без разлика дали сме формално членки на ЕУ или не, изјави Дачиќ.
Тој оцени дека се работи за примена на европски принципи и европски вредности, а сето тоа е во интерес на граѓаните.
-Затоа мислам дека тоа е идеја која може да им пречи само на оние кои се против ваквите идеи за соработка, кои повеќе се за конфликти и барање некакви разлики и противречности наместо потребата од заеднички живот, кажа Дачиќ.
Вредноста на таа идеја, посочи тој, е што може да собере различни земји, оценувајќи дека нејзините противници се повеќе противници на Србија отколку на самата идеја, бидејќи им пречи тоа што ние ја предложивме таа иницијатива.