ноември 23, 2024

Царовска: Одлучив да не учествувам во новата Влада

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Read Previous

По бурните реакции во јавноста, Бојан Маричиќ го повлече скандалозниот список за помилувања

Read Next

Дачиќ: Отворен Балкан е во интерес на граѓаните