ноември 22, 2024

Агенцијата за лекови со предупредување до граѓаните: Не земајте антибиотици за вируси

Граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на ковид-19 на своја рака, а лекарите рационално да ги препишуваат, апелира Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД.

Од Агенцијата велат дека од почетотокот на ковид пандемијата, евидентирана е зголемена потрошувачка на антибиотиците, и затоа реагираат граѓаните да не се лечат по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.

„Ги потсетуваме здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт. Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција, но не и вирусна“, реагира МАЛМЕД.

Министерот за здравство Венко Филипче уште од почетокот на коронакризата во март лани, апелираше до граѓаните дека не е добро на своја рака да се лекуваат со антибиотска терапија, откако во јавноста излегоа информации дека граѓаните масовно го купуваат антибиотикот „сумамед“.

Read Previous

Истрагата за несреќата во Бугарија ќе заврши идната недела, Сарафов вели дека возачот брзо возел

Read Next

СЗО: По пандемијата човештвото ќе се соочи со посериозни проблеми од претходно