ноември 22, 2024

Истрагата за несреќата во Бугарија ќе заврши идната недела, Сарафов вели дека возачот брзо возел

До крајот на идната недела се очекува да заврши истрагата за автобуската несреќа во Бугарија. Шефот на бугарската национална истражна служба, Борис Сарафов, за државната телевизија, изјави дека очекува до католичкиот Божиќ да пристигнат клучните вештачења кои ќе ги утврдат причините за трагедијата во која загинаа 45 лица.

Според истрагата, Сарафов вели дека автобусот на Беса-Транс се движел со брзина поголема од 90 километри на час и таа не била прилагодена со условите на патот. Несоодветната сигнализација ја отфрли како причина за несреќата. Возачот требало да има одоговорност за патниците и бил должен управувањето да го прилагоди на патните и временските услови.

Во земјава се води истрага за работата на компанијата Беса-Транс, но како што велат од обвинителството, во интерес на истрагата не се откривале детали за нејзинот тек.

Read Previous

Новиот премиер на Бугарија најавува решение и деблокада на Северна Македонија најдоцна за шест месеци

Read Next

Агенцијата за лекови со предупредување до граѓаните: Не земајте антибиотици за вируси