мај 20, 2024

Заев и неговиот наследник Ковачевски на средба со коалициските лидери

Новоизбраниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и се уште актуелен премиер Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, дознава Фокус.

Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на министерствата и други институции на централно ниво.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Груби нека излезе и каже дек ДУИ прифатиле предвремени избори

Read Next

Новиот премиер на Бугарија најавува решение и деблокада на Северна Македонија најдоцна за шест месеци