ноември 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Груби нека излезе и каже дек ДУИ прифатиле предвремени избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на интервјуто со првиот вицепремиер, од редовите на ДУИ, Артан Груби во ТВ21.

Тие велат дека добро би било Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година.

-За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина.  Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа веројатно по изјавата на Груби дека Мицкоски прифатил премиер Албанец, 100 дена пред наредните избори, но во соопштението не се спомнува оваа изјава, ниту се демантира.

Read Previous

Груби: Премиер Албанец? Мицкоски се согласил

Read Next

Заев и неговиот наследник Ковачевски на средба со коалициските лидери