ноември 23, 2024

Груби: Премиер Албанец? Мицкоски се согласил

Артан Груби од ДУИ во Клик Плус на ТВ21 изјави Христијан Мицкоски е веќе согласен за во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец.

„Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски“, порача Груби.

Read Previous

Бундестагот ја одобри обврската за вакцинација на медицинскиот персонал

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Груби нека излезе и каже дек ДУИ прифатиле предвремени избори