ноември 23, 2024

Бундестагот ја одобри обврската за вакцинација на медицинскиот персонал

Германскиот парламент денеска со големо мнозинство ги усвои амандманите на Законот за заштита од инфекции кои вклучуваат обврска за вакцинација за луѓето во медицинскиот сектор, давајќи им можност на сојузните држави да воведат дополнителни мерки за борба против пандемијата.

Според новиот закон, медицинскиот персонал и персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица ќе имаат рок до 15 март да докажат дека се вакцинирани против коронавирусот или дека се опоравиле од болеста. Од обврската се ослободени лицата на кои не им е дозволено да се вакцинираат од здравствени причини.

За да се забрза процесот на вакцинирање на населението, со измените во законот се овозможува вакцинирање да се вршат од стоматолози, фармацевти и ветеринари.

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, на сојузните држави им е дозволено да воведат дополнителни мерки како што се затворање ресторани, барови и дискотеки, како и забрана на саеми и конгреси. Можно е да се забрани и собирање на поголем број посетители на спортски и културни манифестации.

Read Previous

Партијата на Борис Џонсон го загуби водството поради забавите за време на заклучувањето

Read Next

Груби: Премиер Албанец? Мицкоски се согласил