април 29, 2024

Приведен разбојник од Скопје осомничен за кражби во обложувалници

Во скопско Ново Село во 06.10 часот изутрината полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(26) од село Ново Село.

Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека во периодот од 24.02.2021 до 21.05.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на ул.„Митрополит Tеодосиј Гологанов“, ул.„Орце Николов“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје одзел пари.

При претрес во неговиот дом во село Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe  пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Во Србија од воведувањето на ковид пропусниците вакцинацијата е зголемена за 70 отсто

Read Next

Опозицијата во Република Српска нема да ја следи политиката на Додик, смета дека го загрозува мирот