Работодавците во Канада делат откази или ги праќаат на неплатен одмор работниците кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.
Авиокомпаниите Ер канада и Вестџет, во кои над 90 отсто од персоналот е вакциниран суспендираа стотина работници кои не се вакцинирани.
Агенциите за сообраќај од Торонто испратиле стотици вработени на неплатено отсуство и го намалиле обемот на некои услуги.
Најголемата болница во Отава, во која над 99 проценти од вработените се вакцинирани, испратила 186 луѓе на неплатен одмор поради тоа што одбиле да се вакцинираат.
Задолжителната вакцинација беше централен дел од кампањата за реизбор на кандаскиот премиер Џастин Трудо во септември. Во канада се вакцинирани 83 проценти од граѓаните постари од 12 години.