ноември 22, 2024

Мицотакис: Договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Договорите се однесуваат на држави, а не на влади, потенцираше грчкиот премиер Кријакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега“, во однос на последните случувања кај нас и Договорот од Преспа.

Мицотакис уште еднаш го повтори неговиот став дека од моментот кога Договорот е ратификуван, тие ќе го спроведуваат.

-И покрај слабостите што ги посочив во Договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој Договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување, рече Мицотакис.

Додаде дека „токму со следењето на овој процес е поврзано“ прашањето за тоа кога во Парламентот ќе бидат донесени за ратификација трите меморандуми со нашата земја. На коментарот на новинарката дека „досега немаше проблеми во Северна Македонија“ и сепак не беа ставени на дневен ред, Мицотакис кусо одговори дека тоа, ќе го оценат тие во соодветно време.

Read Previous

Распуштен Парламентот на Португалија

Read Next

Откази или принуден одмор за невакцинираните лица во Канада