Задоволство е да се биде гостин на вечерата по повод регионалната иницијатива Отворен Балкан, напиша вечерва премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на својот Твитер профил.
-Иако како црногорски премиер сум претставен на вечерата во формат на гостин, ги поддржувам сите корисни регионални иницијативи, особено кога тие доаѓаат од нашите пријатели и соседи од Србија, Албанија и Северна Македонија, со цел на што побргу интегрирање на целиот регион во ЕУ, напиша Кривокапиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во еден белградски ресторан ги угости премиерите на Црна Гора и Албанија, Здравко Кривокапиќ и Еди Рама, како и вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров.