Учениците од I до IV клас во Бугарија, кои во моментов учат преку онлајн настава поради морбидитет на општинско ниво од 750 на 100.000 луѓе, ќе се вратат на настава најрано на 10 ноември.
-Бугарското Министерство за здравство ќе го стори тоа доколку дистрибутерите на тестови одобрени од Министерството за здравство ги испорачаат договорените количества до 8 ноември, изјави министерот за образование и наука Николај Денков по вонредниот состанок на совет за трипартитна соработка во системот на средно образование.
Секој понеделник и четврток на почетокот на денот ќе има по 30 минути за тестирање на учениците од I до IV клас. Ова ќе се случи при менување на дневната рутина – намалување на часовите на училиште, паузите или друга одлука на директорот на училиштето. Наставниците и другите професионалци вклучени во тестирањето ќе добијат дополнителни средства од буџетот за 2021 година за двата месеци до крајот на годината. Висината на овој надоместок ќе биде утврдена во анекс на Колективниот договор за труд.