ноември 23, 2024

Теута Арифи призна пораз: Тетово ќе биде водено од мојот противкандидат

Кандидатката на ДУИ за градоначалник на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција во партиското седиште го призна поразот, изјавувајќи дека според досега пребројаните гласови победува нејзиниот противкандидат од Движење Беса, Биљал Касами.

– Според досегашното броење на резултатите мојот противкандидат има повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од мојот против кандидат. Сакам да му честитам на победата и посакувам успешна работа, имајќи го предвид фактот дека Тетово е град со многу предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите тие граѓани кои ме поддржаа и кои застанаа зад концептот што го претставувам јас. Останувам на мислењето дека тој концепт останува прогресивен и времето ќе покаже дека прогресивноста била секогаш на нашата страна, истакна Теута Арифи.

Read Previous

ДИК: Од обработени околу 40 проценти од гласовите, Данела Арсовска – 56,86, Петре Шилегов – 39,64 отсто

Read Next

Таравари прогласи победа во Гостивар