ноември 23, 2024

ДИК: Од обработени околу 40 проценти од гласовите, Данела Арсовска – 56,86, Петре Шилегов – 39,64 отсто

Од обработени околу 40 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 56,86 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 39,64 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу една третина од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 55,19 процент, пред Беким Сали од АА/А со 39,65 проценти, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 51,72 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 44,01 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,86 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 44,14 проценти и во Шуто Оризари Ферад Асан од СДСМ со 46,85 пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 44,06 проценти.

Read Previous

Податоци на ДИК за 44 општини од обработени околу една третина од гласовите

Read Next

Теута Арифи призна пораз: Тетово ќе биде водено од мојот противкандидат